Утрински Весник
Македонија

Петровска на состанокот на Северноатлантскиот совет на министри за одбрана во Брисел

Petrovska Nac Meeting 15 02 2024 1.jpeg

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, вклучувајќи го и состанокот на Советот НАТО – Украина, а заедно со министрите за одбрана на единаесет сојузнички земји, меѓу кои Германија, Турција, Холандија, Полска, Данска, како и Шведска како земја-поканета за членство ќе потпише и Писмо за намери за „Зголемување на производствените капацитети на муниција и индустриска отпорност” преку НАТО Мултинационалната Иницијатива за набавки (муниција), под покровителство на Обединетото Кралство.

На состаноците во седиштето на НАТО ќе се разговара за безбедноста на евро-атлантската област, за подготовките за претстојниот Лидерски самит во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на НАТО, инвестирањето во одбраната од страна на земјите-членки, зацврстувањето на колективната одбрана и одвраќање, како и поддршката за Украина.

Вчера во Брисел, министерката Петровска го потпиша Договорот за придонес во Одделот за јавна дипломатија на НАТО кој овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односи со јавноста во Министерството да дадат свој придонес кон развојот на областа во рамките на НАТО – Алијансата.

Можете да прочитате

МКЦ и МАНУ без вода

ВМРО-ДПМНЕ: 4 дена СДСМ пушта целосно безидејни соопштенија од едно исто интервју на Филипче

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е бледа копија на она на Груевски