Утрински Весник
Македонија

Петровска на безбедносен форум во Брисел и средби во НАТО и ЕУ

Петровска на безбедносен форум во Брисел и средби во НАТО и ЕУ

Од денеска, министерката за одбрана Славјанка Петровска престојува во неколкудневна работна посета на Брисел, во чии рамки на покана на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел ќе учествува и ќе се обрати на првиот Безбедносно-одбранбен форум Шуман, а ќе има и повеќе засебни средби со високи политички и воени претставници на НАТО – Алијансата и на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Првиот форум Шуман се одржува под мотото „Заедно посилни во нестабилен свет“, а е организиран под покровителство на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. Целта на овој Форум е да ја зацврсти соработката помеѓу релевантните глобални и регионални актери во областа на безбедноста и одбраната и да биде форум на кој ќе се разговара за клучните безбедносни прашања и начините на зацврстување на меѓународниот мир и безбедност.

На Форумот ќе учествуваат високи претставници од 27-те земји-членки на Унијата и 45 партнерски земји, вклучително и над 20 министри за одбрана, како и претставници на меѓународни и регионални организации како Обединетите Нации, НАТО, ОБСЕ, Африканската Унија, АСЕАН, Советот за заливска соработка и Лигата на арапски држави. Дел од Форумот ќе бидат голем број невладини организации, тинк-тенк организации и претставници на академската заедница.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика