Утрински Весник
Свет

Нова драма над Црното море: Руски Су-27 се обиде да собори украински дрон

Нова драма над Црното море: Руски Су-27 се обиде да собори украински дрон
300x250 (7)

Турските медиуми објавија снимка за која тврдат дека покажуваат како Су-27 на руските воздухопловни сили се обидува да собори украинскo беспилотно летало Бајракатар ТБ2.

dobivaj vesti na viber

Видеото е објавено пет дена откако два авиони Су-27 го соборија американскиот воздухоплов MQ-9 Reaper во водите на Црното Море.

300x250 (7)

Турските медиуми тврдат дека овој инцидент се случил и над водите на Црното Море.

SavunmaSanaiiST.com објави видео во кое тврди дека дронот е украински а дека „се верува дека ловецот Су-27“ се обидел да го собори.

На видеото се гледаат два обиди за соборување на Бајрактар ​​ТБ2. Не е јасно дали двата обиди биле направени од ист ловец или, како што беше случајот со американскиот дрон, беа вклучени два ловци.

Во двата обиди дронот силно се тресе, но успева да си ја врати позицијата и не се урна во водите на Црното Море. Се гледа дека дронот дури успева да одржи висина на летот над 5 километри.

Турските експерти сугерираат дека дронот не се урнал бидејќи за разлика од нападот на американскиот MQ-9, во овој инцидент рускиот ловец не успеал да го оштети задниот пропелер на дронот.

Ss1

Можете да прочитате

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во државата во 2020 година во корист на Трамп

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите