Утрински Весник
Македонија

Петровска и официјално се повлече од трканат а за претседател на СДСМ  

44856aac 90ec 4315 9a98 Cd1db096eaf1 1.jpeg

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска испрати официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ со кое и официјално ја повлекува кандидатурата за претседател. 

„Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам соучесник во ова погазуванье на статутот ве известувам дека ja повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ. Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда” пишува Петровска.

Таа во писмото наведува дека и покрај тоа што на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, сепак Петровска не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења. 

„Имајќи ги предвид основните политички начела поставени во Статутот на Социјалдемократскиот соуз на Македонија кои jа потврдуваат нашата заложба како социјалдемократи за целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, како и нашата заедничка заложба за одржување на фер, чесни и достоинствени избори за претседател на СДСМ, каде сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, вчера на состанокот одржан во просториите на СДСМ со преставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со коа треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите” се наведува во писмото на Петровска.

Можете да прочитате

Нови цени на горивата од полноќ, има поскaпување

Тошковски најави изградба на нова полициска станица во Бутел

Точно ќе се знае за кој проект, колку пари ќе бидат наменети, вели Мицкоски за средствата што ќе им бидат дадени на општините