Утрински Весник
Спорт

Петровиќ: Во првото полувреме одбраната ни беше шуплива како сирење

Петровиќ: Во првото полувреме одбраната ни беше шуплива како сирење
Dik 300x250 mk

МЗТ Скопје загуби од Игокеа во Лакташи со 96:90. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ одиграа добро во завршницата и имаа можност за триумф, но, сепак, не успеаја.

dobivaj vesti na viber

Тој потенцира дека слабото издание во одбраната во првото полувреме било пресудно за поразот.

„Честитки до Игокеа за победата. Интересен меч, на две минути дојдовме во водство од половина поен, но Делалиќ погоди две тројки, потоа и уште два поени, и донесе победа за Игокеа. Можам да бидам задоволен од второто полувреме, додека во првото одбраната што ја договоривме беше шуплива како сирење. Во вториот дел ја променивме одбраната, тоа донесе резултат, имавме шанса, но ја пропуштивме. Сега треба да се вртиме кон мечот со Борац“, изјави Александар Петровиќ по поразот на МЗТ од Игокеа.

Можете да прочитате

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина