Утрински Весник
Свет

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија

Pozar.webp.webp

Петмина загинаа во пожар во магацински простор во стамбена зграда во шпанскиот регион Каталонија. Загинатите се на возраст од 14 до 18 години. Четири лица пак беа полесно повредени во пожарот во петкатницата во градот кој се наоѓа на околу 80 километри северно од Барселона. Се уште нема информации за тоа како настанал пожарот.

Според итните служби, пожарот избувнал доцна синоќа во магацинска просторија на последниот кат од зградата, која била користена како место за собири на млади луѓе. Жртвите не успеале да побегнат навреме.

Целата зграда морала да биде евакуирана, а некои семејства успеале да се вратат во своите домови денеска наутро. Весникот „Ла Вангардија“ (La Vanguardia) објави дека три семејства се привремено сместени во хотел.

Делот од градот каде што избувнал пожарот е дом на многу луѓе со мароканско потекло. РТВЕ информира дека мароканската заедница е тешко погодена од трагедијата, а многу соседи се во состојба на шок.

Можете да прочитате

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево

Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговорите со ЕУ

Германскиот канцелар бара реформа на евроинтеграциите: Западен Балкан да добие привилегиран статус и постепена интеграција