Утрински Весник
Свет

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов
Ss2

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на 23,5 проценти од гласовите за ГЕРБ, додека зад нив со 19,5 проценти е „Продолжуваме со промените“ на експремиерот Кирил Петков. Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент.

dobivaj vesti na viber

Од ГЕРБ засега не го коментираат изборниот резултат. Истакнаа дека ќе говорат по објавувањето на конечните резултати.

Ss1

Аналитичарите велат дека ова е парламент со израмнети сили, и може да следи нов неуспех за формирање влада, и нови парламентарни избори.  Ниту претходната коалиција помеѓу „Продолжуваме со промените“, социјалистите и „Демократска Бугарија“ нема доволно мандати да формира мнозинство.

Кирил Петков го призна поразот

„Прво, сакам да им се заблагодарам на сите гласачи кои гласаа за ПП, но и на сите луѓе кои гласаа. Она што се случи денес всушност покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат, како и ние, дека Бугарија може да биде поинаква, да биде успешна, да биде просперитетна, да не ја јаде корупцијата“, рече копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков во првиот говор по завршувањето на изборниот ден.

Тој е категоричен дека нема да коалицира со ДПС и ГЕРБ.

Според него, ГЕРБ-СДС како прва политичка сила треба да преземе одговорност и да формира владина коалиција.

„Продолжуваме со промената“ загуби на изборите – рече другиот копретседавач на коалицијата Асен Василев на прес-конференцијата по завршувањето на изборниот ден. Според Василев, важно е земјата да има стабилна влада:

„Јасно кажуваме дека ги загубивме изборите – за 3 отсто, како што минатиот пат ги добивме со 3 проценти, земајќи ги предвид гласовите од странство. Отсега ни претстои тешка зима, сакам да му посакам на ГЕРБ успех во формирањето на владата, бидејќи нивниот успех е успех за сите Бугари“.

Ова се четврти избори во Бугарија во последните година и половина. Излезноста беше за 3 до 5 проценти помала од изборите во ноември минатата година.

Ss1

Можете да прочитате

Волстрит џорнал: Америка би можела да воведе санкции за кинеските банки поради соработката со Русија

Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

Десет лица загинаа во судир на хеликоптери кои вежбале за парада во Малезија