Утрински Весник
Магазин

Пет причини зошто треба често да јадеме боровинки

1fd49391 697a 40f9 B240 6a3c48963585.jpg

Боровинките се мали и вкусни бобинки богати со хранливи материи. Тие се сметаат за суперхрана, една од најздравите намирници што треба редовно да ги консумираме. Препорачаната дневна количина е приближно половина до една чаша дневно или 75 до 150 грама боровинки.

Според нутриционистот Авни Каул, боровинките се сметаат за суперхрана „поради нивните потенцијални позитивни ефекти врз здравјето на срцето, функцијата на мозокот и целокупната благосостојба“. Како дел од здравствените придобивки, Каул истакнува дека боровинките се богати со влакна, антиоксиданси и други хранливи материи.

Богати со растителни влакна
Влакната ги внесуваме со конзумирање на голема количина течност или со вклучување на храна што ги содржи. Боровинките се едно такво овошје кое има многу влакна, кои помагаат да се спречат дигестивни проблеми како запек, а во исто време помага и во регулација на тежината.

Немаат многу калории
Гледајќи во исхраната, боровинките се нискокалорични. Една шолја свежи боровинки содржи околу 84 калории и околу 85 проценти вода, што ги прави одличен избор за секој што се обидува да изгуби килограми.

Имаат антиинфламаторни својства
Високата количина на антоцијани, соединенијата одговорни за сината боја на бобинките, придонесува за антивоспалителните својства на боровинките. Антоцијаните ги ублажуваат симптомите на воспалителни состојби како артритис и помагаат „да се подобри когнитивната функција, потенцијално помагајќи да се спречи когнитивниот пад поврзан со возраста“, објаснува Каул.

Богати со антиоксиданси
Освен со влакна, боровинките се богати и со антиоксиданси. Поради стресот или лошите животни навики, телото ослободува слободни радикали, познати и како оксидативен стрес, што може да доведе до бројни хронични здравствени проблеми, пренесува Health Shots. Неопходно е да се вклучат антиоксиданси во секојдневната исхрана за да се спречат ефектите од оксидативниот стрес и да се одржи имунитетот.

Ја подобруваат когнитивната функција
Нутриционистот истакнува дека „боровинките се познати по нивната способност да ги подобрат когнитивните функции и задржувањето на меморијата, што ги прави „ужина за зајакнување на мозокот“. Вклучувањето на боровинки во вашата секојдневна исхрана, или барем честото консумирање овошје, може да придонесе за општа благосостојба и виталност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста