Утрински Весник
Свет

Песков: Соработката меѓу САД и Украина во експлоатација на ретки метали е воена помош за Киев

Peskov.jpg

Идејата за соработка меѓу Украина и САД на полето на експлоатација на ретките метали претставува обезбедување воена помош на комерцијална основа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Ова е предлог Украина да купи американска помош, односно повеќе да не ја добива бесплатно или на некој друг начин, туку на комерцијална основа“, рече Песков, додавајќи дека е подобро да не се дава никаква помош на Киев и на тој начин да се придонесе за ставање крај на конфликтот, се вели во извештајот на агенцијата Интерфакс.


Повикувајќи се на неименувани извори, Њујорк Тајмс и Фајненшл Тајмс претходно објавија дека Украина е подготвена да соработува со САД на полето на експлоатација на ретки метали во замена за долгорочни гаранции дека овие ресурси нема да стигнат до Русија.

Можете да прочитате

Арагчи: Ормуска Теснина е не е затворена за бродовите од земји кои не се во војна со Иран

Самитот на БРИКС заврши без заедничко соопштение поради различни ставови

Силен земјотрес регистриран во северна Јапонија