Утрински Весник
Свет

Песков: Путин длабоко жали за смртта на луѓето и децата во училиштето во кое се случи терористичкиот напад

Песков: Путин длабоко жали за смртта на луѓето и децата во училиштето во кое се случи терористичкиот напад

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека рускиот лидер Владимир Путин длабоко жали за загубените животи во престрелката во училиштето во Ижевск.

dobivaj vesti na viber

– Трагична вест од Ижевск, претседателот Путин длабоко жали за смртта на луѓето и децата во училиштето каде се случи терористичкиот акт – рече Песков.

Песков додаде дека нападот го извршило лице кое „се чини дека припаѓа на некоја неофашистичка организација или група“.

Според Истражниот комитет, во училиштето загинале 13 лица, а 21 се повредени. Полициските службеници го пронашле телото на осомничениот во една од просториите на образовната установа.

Мотивите за нападот се уште не се утврдени, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус