
Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина и затоа не може да биде посредник во решавањето на тоа прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој изјави дека европското оружје „директно пука“ кон Русија и дека, како што рече, не може да се „апстрактира од тоа“, пренесуваат руските медиуми.
Песков додаде дека мирот во Украина ќе дојде побрзо ако сите земји престанат да испорачуваат оружје на Киев. Во овој контекст, тој позитивно ја оцени одлуката на новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, Будимпешта да не испорачува оружје на Украина.
Портпаролот на Кремљ рече дека Москва може само да го поздрави ставот на која било земја што верува дека не е потребно да се „додава масло на огнот“.
Зборувајќи за преговорите со ЕУ, Песков оцени дека најголемата грешка на Брисел е целосното отфрлање на дијалогот со Москва, бидејќи проблемите не можат да се решат без разговори. Тој додаде дека самиот факт што се обидуваат да најдат некој во ЕУ што би можел да започне разговор со Русија е позитивен. Според него, во моментов во Европа нема конкретни предлози за тоа кој би можел да го води тој дијалог.

