Утрински Весник
Спорт

Пепе стана најстариот учесник во плејофот на Лигата на шампионите

Pepe.png

Дефанзивецот на Порто, Пепе, стана најстариот фудбалер кој играл во плејоф натпревар од Лигата на шампионите.

Португалецот го одигра целиот натпревар синоќа против Арсенал (1:0) во 1/8-финалето на турнирот. Во моментот на рекордот, Пепе имаше 40 години и 360 дена.

Претходно, крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал со 16 години и 223 дена стана најмладиот дебитант во историјата на плејофот во Лигата на шампионите.

Пепе во текот на својата кариера покрај во Порто, настапуваше и за Бешикташ, Реал Мадрид и Маритимо.

Можете да прочитате

Холандија ја декласираше Шведска – 24info.mk

За два натпревара – 30.000 евра

Напаѓачот на Мароко влезе во историјата