Утрински Весник
Македонија

Пензионираниот воен пилот Роберт Малезански ја прекина воената пензија и се вработи во ДЗС

D0858922 4168 44c1 858a 94712789dc13 1024x612 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пензионираниот армиски полковник и воен пилот Роберт Малезански е нов професионален пилот во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во договор со директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, Малезански прифатил да ја прекине воената пензија и професионално да се вработи во Дирекцијата, каде ќе ја извршува функцијата пилот и раководител на авиоодделението. Тој ќе биде дел и од најтесниот кабинет на директорот на ДЗС.

Од Дирекцијата информираат дека Малезански зад себе има богата и исклучително респектабилна воздухопловна кариера. Во текот на службата управувал и дејствувал со различни типови летала, меѓу кои борбените авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ-21“ и „Сухој-25“, како и борбените хеликоптери „Ми-17“ и „Ми-24“. Покрај тоа, има искуство и со повеќе типови спортски авиони.

Во рамки на армиската кариера, Малезански извршувал и низа командни и раководни должности, меѓу кои и командант на Воздухопловниот винг на Армијата, наведуваат од ДЗС.

Со неговото ангажирање, Дирекцијата за заштита и спасување во моментов располага со вкупно пет пилоти – тројца професионално вработени во авиоодделението и двајца пензионирани пилоти ангажирани со договор на дело.

Дополнително, од ДЗС соопштуваат дека од Министерството за финансии добиле согласност за вработување на уште двајца пилоти за противпожарните авиони „ертрактори“. За таа намена, како што најавуваат, во наредниот период ќе биде објавен и јавен оглас.

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста