Утрински Весник
Свет

Пентагон: Остин сè уште е во болница, ги следи американските воени операции ширум светот

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се уште е во болница и се чувствува добро, соопшти денеска Пентагон, додавајќи дека тој ги следи американските воени операции ширум светот.

„Тој е во контакт со својот висок персонал, има целосен пристап до неопходните безбедни средства за комуникација и продолжува да ги следи секојдневните операции на Министерството за одбрана низ светот“, наведе портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, во соопштение.
Се наведува и дека Пентагон се уште нема прецизен датум за отпустот на Остин.

Можете да прочитате

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида

Полицијата со палки ги растера демонстрантите од плоштадот Росио во Лисабон

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт