Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Силјановска е соучесник на Мицкоски кога упатува навреди кон мене

Stevogordana.jpg

„Дали е можно дека тој европски премиер, политичар за мене вели има длабока, психолошка, внатрешна раздразнетост, и чувство на интелектуална инфериорност? Па да се оградевте освен ако не го поддржувате?“, ја праша вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски неговата противкандидатка Силјановска, притоа посочувајќи ги секојдневните навреди кои кон него ги упатува Христијан Мицкоски.

Силјановска не само што не се огради од навредите на Мицкоски кон Пендаровски на митинзите низ Македонија, туку тоа не го стори и во вечерашниот телевизиски дуел. Напротив, одговори иронично – „Јас не сум му ни родител, ниту учителка ниту е под мое старателство“, рече таа.

Можете да прочитате

Скандал: Го згрижиле бебето на 16 дена, по седум месеци им го зеле и го дале на посвојување во друго семејство

Собранието изгласа двојно повисок праг за набавки без тендер

Тошковски најави дигитализација во МВР