Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и Ковачевски изразија сочувство за експлозијата во Истанбул

Пендаровски и Ковачевски изразија сочувство за експлозијата во Истанбул

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи изразија сочувство по денешната експлозија во Истанбул, во која загинаа најмалку шест лица, а десетици се повредени.

dobivaj vesti na viber

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша Пендаровски во пораката.

„Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот @imamoglu_int и претседателот @RTErdogan по денешната експлозија во срцето на Истанбул“, напиша премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

СДСМ: Задолжување како никогаш досега – Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

„Преспа што нè поврзува“ – Светскиот ден на езерата одбележан во Ресен

Жена и маж пронајдени мртви во стан во Скопје, претходно биле пријавени за исчезнати