Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и 63 вработени кај него сѐ уште немаат плата, од кај Битиќи велат ќе ја добијат до 15-ти

Пендаровски и 63 вработени кај него сѐ уште немаат плата, од кај Битиќи велат ќе ја добијат до 15-ти

Стево Пендаровски по скоро четири години откако е избран за претседател, за првпат остана без плата заедно со неговиот кабинет. Средствата кои вообичаено на сите им се исплаќаат на 1-ви во месецот, сега им доцнат осум дена. Од Министерството за финансии не се загрижени што Пендаровски, 55 јавни службеници, пет советници и три именувани лица, се уште немаат земено плата. Оттаму посочуваат дека навремено ќе биде исплатена, што би значело дека ќе го запазат рокот до 15-ти во месецот. Kабинетот на претседателот посочува дека се одржувале и состаноци со ресорното министерство.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на тоа што може да се направи, Кабинетот достави образложение до Министерството за финансии, одржани се и состаноци меѓу претставници на двете институции и се работи на надминување на пречките за решение на проблемот“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Министерството за финансии пак, наместо одговор каде е проблемот што платата не е исплатена како што е вообичаено, на 1-ви во месецот, испратија објаснување дека претседателот со вработените ќе добие пари во законскиот рок.

„Министерството за финансии преку секторот Трезор редовно и навремено ги реализира налозите на буџетските корисници за исплата на плата на вработените, согласно законските прописи. Посочуваме дека процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулирано и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно обезбедени финансиски средства“, посочуваат од ресорното министерство за „Макфакс“.

Последниот состанок помеѓу Кабинетот на Пендаровски и претставници од кај министерот Фатмир Битиќи се одржала вчера. И на таа средба е објаснето дека не се бара исплата на екстра пари од буџетот, туку со веќе заштедени средства треба да им се зголемат платите за 5% на 55 државните службеници. Од Кабинетот на Пендаровски и претходно објаснија дека барањето за јануарската плата е изработено согласно законот.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор