Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го потпиша указот за Кривичниот законик: не гледа амнестија и ја правда одлуката

Пендаровски: Празнувањето на денот посветен на големиот просветител за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење

Претседателот Стево Пендаровски денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, информираа од неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Според Пендраровски, со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, смета претседателот, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот.

„Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Претседателот очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да бидеприменувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во буџетот.

Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и 1 „воздржан“ Собранието вчера го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Гласаа вкупно 85 пратеници, а дебатата во Собранието траеше нешто повеќе од еден час.

За дел од правната фела, ова е вид на амнестија за сите функционери.

Измените се однесуваат на казните на неколку кривични дела, односно за значително намалените казни за различните облици на кривичното дело од член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување“ со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор, како и членот 394 „Злосторничко здружување“ со намалување на казната до 10 години на казна до 3 години.

Законот беше донесен со европско знаменце.

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава