Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Баиба Браже, помошничка на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, која e во посета на земјава по повод учеството на конференција за комуникатори на НАТО, чиј домаќин е Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за соработката меѓу НАТО и Северна Македонија, за новиот стратегиски концепт на Алијансата, како и за војната во Украина и улогата и важноста на стратегиските комуникации на НАТО.

Во таа насока беа разменети мислења за комуникациските функции и планови на Алијансата, за информациските активности за време на руската инвазија врз Украина, соработката со партнерите во оваа област и дигиталните комуникации.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија, користејќи ги механизмите кои ни стојат на располагање како членка на НАТО, ќе продолжи активно да се бори со цел јакнење на отпорноста кон дезинформациите, превенирање и намалување на штетните влијанија од лажните вести, кои го поткопуваат системот и колективната безбедност.

Тој додаде дека е неопходен континуиран развој и усовршување на стратегиските комуникации кои претставуваат еден од клучните безбедносни капацитети, и дека земјава и понатаму ќе ги поддржува заедничките напори на Алијансата со цел креирање на јавно мислење базирано на фактички точни информации.

Можете да прочитате

Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници