Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

„Пееме за Кочани“ хуманитарен концерт на 8-ми мај на Тамара Тодевска

Tamara todevska 2.jpg
Img 7972

Хуманитарен концерт на 8-ми мај во Младинскиот културен центар од 20:00 часот, Тамара Тодевска ќе одржи хуманитарен концерт за починатите граѓани во страшниот пожар во Кочани. а со цел да се соберат средства за оние кои се лекуваат во Македонија и во европските земји.

Драги мои,


Заедно со мојот бенд и со целокупниот тим се подготвуваме за претстојниот хуманитарен концерт за поддршка на семејствата на починатите граѓани во Кочани, како и на оние лице кои сѐ уште се лекуваат во Македонија и во европските земји.

Сакам да Ве известам сите дека концертот ќе се одржи на 8. мај (четврток), од причина што правиме целосно нови аранжмани на песните, кои ќе добијат една нова вредност и уникатност. Локацијата останува иста – Младински културен центар, од 20:00 часот. Картите од денеска се во продажба и ќе можете да ги набавите преку мрежата на MK Tickets (линк на Story и во Био).

Хуманитарниот концерт за Кочани ќе биде едно поинакво доживување од сите претходни мои концерти, настапи на кои сте присуствувале. Сакаме да создадеме една поинаква, интимна вечер која на достоинствен начин ќе оддаде почит на сите жртви од трагедијата во Кочани, но и ќе се потсетиме на врвните наши уметници, мои колеги и пријатели кои прерано си заминаа од овој свет…

Ја истакнувам мојата благодарност до @mkc_skopje, DVD Plus, како и до мојот бенд и до целиот тим кои навистина посветено работат за да имаме квалитетен музички настан.

Ви благодарам на разбирањето и поддршката.

Да останеме силни, да бидеме хумани и солидарни.

Ваша,

Тамара

Можете да прочитате

Измамен тетовец остана без 64.000 евра

Наставничка удрила ученик во училница – Скандал во Крушево, родителите во шок, полицијата истражува

Кумановец измамен за 1,1 милион денари при купување градежни машини