Утрински Весник
Македонија

Пазарна во акција – инспекции ги тресат увозниците на овошје и зеленчук и на кванташките пазари

Пазарна во акција – инспекции ги тресат увозниците на овошје и зеленчук и на кванташките пазари

Акција за контрола на увозниците на овошје и зеленчук спроведува од утрово низ целата држава. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи ги контролираат производите кои по одлуката на Владата треба да се продаваат по замрзнати цени.

dobivaj vesti na viber

Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови, информираат од ДПИ која на терен испрати 3 инспектори.

Директорот на ДПИ Горан Трајковски најави дека акцијата ќе трае во текот на целиот ден, а сумирани информации за исходот ќе бидат објавени в понеделник. Од понеделник инспекторите ќе продолжат да вршат постојани контроли исто како и во изминатиот период.

Инаку, министерот за економија Крешник Бектеши, вчера најави дека на седница на Владата во вторник ќе бидат ревидирани дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленукот порачувајќи дека ќе продолжат контролите за тоа како е направен увозот во нашата држава за сите увозници на овошје и зеленчук за последните месеци.

 

Можете да прочитате

Ѓраѓаните ќе можат да одат на редовни средби во Уставниот суд

Стоилковиќ упати искрени честитки до граѓаните на Србија за денот на државноста

Муцунски: 20 месеци надворешна политика со резултати