Утрински Весник
Македонија

Павле Трајанов, Солза Грчева и Влатко Ѓорчев ќе донеле додадена вредност како национални координатори, смета Мицкоски

Mickoski1 22082024 1.jpg

Функцијата Национален координатор нема да се укине, тие носеле додадена вредност во Владата, смета премиерот Христијан Мицкоски, во подкастот „Претрес“.

Мицкоски има само пофални зборови за новите национални координатори, особено за Влатко Ѓорчев.

„Влатко Ѓорчев е национален координатор за демографија и млади. Јас сум човек кој многу се грижи за демографијата, фертилитетот и младите. Тоа веќе го кажав. Јас не познавам друг човек кој подобро и повеќе знае за демографијата, фертилитетот и така натаму. Не познавам друг. И ако некој треба да биде национален координатор за демографија која е една од клучните точки во нашата програма и зголемување на фертилитетот е токму Ѓорчев. Не познавам друг, сум имал разговори со многу политичари, со многу професори, не познавам друг“ вели премиерот Мицкоски.

Според него, додаде вредност ќе донесат и националните координатори Солза Грчева и Павле Трајанов со кои Мицкоски до вчера беше на различни страни.

„Павле Трајанов целиот свој живот го поминал борејќи се во полицијата во МВР против организираниот криминал и корупција. Дека сме биел ние на различни политички страни во одреден период, сме биле. Дека можеби еден ден пак ќе бидеме, можеби ќе бидеме. Тоа е динамична работа. Но, ако некој ме праша дали во овој момент треба да имаме национален координатор на таа тема, едно од имињата е тој и беше предложено. Исто како што Солза Грчева како универзитетски професор треба да биде национален координатор за реформи во високото образование. Дали сме биле на различни страни? Да. Сме биле во одреден период, дали сме сега во иста коалиција, да сме. Дали може да додаде вредност? Да, убеден сум“ порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер