Утрински Весник
Македонија

Патот кон ХЕЦ Козјак непрооден поради голомразица

Golomrazicza.jpg

АМСМ утрово информира дека патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица, додека сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Ученик нападнат и прободен со нож од соученик во основно училиште во Скопје

Потпишан меморандум за нова фаза на „Училишта на 21 век“, фокус на дигиталните вештини и вештачкатa интелигенција

ОЈО: Се бара притвор за 12 лица, под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните