Утрински Весник
Скопје

Патник од Турција ограбен во скопско такси

Taxi.webp.webp

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р. Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар.

Откако пристигнале, пријавителот извадил 2.000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Започнато е површинско чистење на Вардариште

Герасимовски: 15 милиони денари за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар

Без струја делови од Аеродром и Сопиште