Утрински Весник
Македонија

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир

Mvr.jpg

Денеска во 15:48 часот, во дежурниот центар Е-112 Охрид пристигнала пријава за сообраќајна незгода – патничко моторно возило паднало во реката Радика, кај Бигорскиот манастир „Св. Јован Бигорски“. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, неколкупати се лизнало и се превртело пред да заврши во реката.

На лице место излегле полициски службеници од ПС Ростуше, заедно со командирот на станицата и екипа, а истовремено интервенирала и Територијалната противпожарна единица Гостивар со две возила и четворица пожарникари. Пријавена била и Итната медицинска помош од Ростуше, која исто така испратила екипа на терен. Засега нема информации за повредени лица, а службите се на лице место и го обезбедуваат теренот.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври