Утрински Весник
Македонија

Патничко возило падна во реката Радика кај Бигорскиот манастир

Mvr.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во 15:48 часот, во дежурниот центар Е-112 Охрид пристигнала пријава за сообраќајна незгода – патничко моторно возило паднало во реката Радика, кај Бигорскиот манастир „Св. Јован Бигорски“. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, неколкупати се лизнало и се превртело пред да заврши во реката.

На лице место излегле полициски службеници од ПС Ростуше, заедно со командирот на станицата и екипа, а истовремено интервенирала и Територијалната противпожарна единица Гостивар со две возила и четворица пожарникари. Пријавена била и Итната медицинска помош од Ростуше, која исто така испратила екипа на терен. Засега нема информации за повредени лица, а службите се на лице место и го обезбедуваат теренот.

Можете да прочитате

Железницата повторно во нормала – 24info.mk

Утре променливо облачно со дожд и снег на планините

Пожар во техничка соба на хотел-ресторан кај Делчево