Утрински Весник
Македонија

Патарините профитабилни годинава, инкасирани 64 милиони евра

Patarina.jpg

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информираше дека од јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра. Според нив учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти.

„Наша заложба е да го зголемиме овој процент и да направиме едукација за граѓаните за придобивките од користење на електронската наплата со што значително би се намалило чекањето на наплатните рампи при кеш наплата и со што би се остварил непречен сообраќај без поголеми застои“, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.


Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари.

Нашиот план е амбициозен во смисла на подигнување на процентот на електронска наплата и зголемување на протокот на возила на наплатните станици и можеби е сѐ уште рано да говорам, но за почеток правиме напори М-смарт картичките да бидат подостапни на возачите, односно да можат да ги набават и поблиску до своето место на живеење, не како што е во моментов само на наплатните станици и кај нас во ЈПДП. Но, за тоа ќе говориме поконкретно кога ќе видиме дека има можности за реализација на оваа идеја“, вели Трајановски.

Можете да прочитате

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница и кој сѐ е вмешан

ВМРО-ДПМНЕ: Заев креирал предмети во СЈО, од СДС креирале и лажни предмети за судии, дали и ова СДС на Филипче ја има истата стратегија

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени