Утрински Весник
Спорт

Партизан демантира дека преговара со Кампацо

Партизан демантира дека преговара со Кампацо

Генералниот директор на кошаркарскиот клуб Партизан, Зоран Савиќ, за „Спорт клуб“ ги демантира пишувањата дека клубот преговара со Факунда Кампацо.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш не сум разговарал со него“, изјави Савиќ за „Спорт клуб“.

Партизан би можел да донесе уште едно засилување, на позицијата организатор на играта, поради повредата на Алекса Аврамовиќ, кој ќе отсуствува до крајот на годината.

Факундо Кампацо е еден од најбараните кошаркари на пазарот, а не потпиша договор со европски тим само затоа што чека добра НБА-понуда.

Сепак, бидејќи НБА-франшизите ги наполнија своите тимови и претсезоната веќе почна, голема е веројатноста дека Кампацо ќе се врати во Европа.

Најголем интерес за Аргентинецот покажа поранешниот тим Реал Мадрид.

Сезоната во Европа почна викендов, а Евролигата почнува на 6 октомври, односно в четврток.

Кампацо претходните две сезони настапуваше за Денвер Нагетс, а претходно беше член на Реал Мадрид, Мурсија (на заем) и на Пењарол.

Можете да прочитате

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија