Утрински Весник
Свет

Папата веќе не е во директна опасност, но останува во болница

3papa.jpeg

Папата Франциск повеќе не е во непосредна опасност, но ќе остане во болница, соопштија денеска неговите лекари, јави ДПА.

Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква е хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија.


Во изминатите недели имаше неколку здравствени компликации, при што неколкупати му беше потребен кислород поради проблеми со дишењето.

Поради неговата здравствена состојба, Ватикан во неделата по четврти пат по ред го откажа традиционалното неделно молитвено обраќање на плоштадот Свети Петар.

Можете да прочитате

Трамп: Времето за Иран истекува

Силен земјотрес во Кина, има загинати и повредени

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза