Утрински Весник
Свет

Папата ноќеска добро се одморил, соопшти Ватикан

Papa 1.jpg

Папата Франциск, кој се лекува во болница од пневмонија, добро спиел цела ноќ, објави утринава Ватикан во редовниот утрински здравствен извештај за поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата (88) од 14 февруари се лекува во римската болница „Гемели“ поради пневмонија и неколку дена е во критична состојба.


Ватикан вчера соопшти дека Папата се уште е во критична состојба, но дека неговата состојба „малку се подобрила“ и дека тој продолжил да работи од неговата болничка соба.

Илјадници верници синоќа се собраа на плоштадот Свети Петар за да се помолат за закрепнување на Папата.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба