Утрински Весник
Балкан

Паника на плажа во Хрватска: Огромна желка касна млад човек, ова е петти инцидент

Screenshot 2026 08 12 091450.jpg

Необичен инцидент повторно ги вознемири капачите во Каштел Лукшиќ во Хрватска, откако млад човек бил каснат од голема морска желка додека се наоѓал во водата.

Инцидентот се случил во неделата на плажата „Миљенко и Добрила“. Според сведоштвата на присутните, желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот, при што му нанела повреда која крвавела.

По нападот веднаш била побарана медицинска помош. Мајката на повредениот се јавила и на бројот за итни случаи 112, од каде што ѝ било препорачано нејзиниот син да биде однесен на лекар и да добие соодветна заштита против тетанус.

Мајката тврди дека нејзиниот син во ниту еден момент не ја допирал, бркал или на кој било начин ја вознемирувал желката пред да биде каснат.

„Желката му се приближила одзади и го каснала во долниот дел од грбот, предизвикувајќи крвава рана. Оваа ситуација трае веќе некое време и станува навистина загрижувачка“, изјавила таа.

Случајот предизвикал дополнителна вознемиреност меѓу локалните жители и туристите бидејќи, според тврдењата на капачите, ова е веќе петти сличен инцидент од 22 јули.

Тие велат дека желката повеќепати била забележана во плитките делови од морето, каде што подолго време се задржува во непосредна близина на луѓето. Според нивните сведоштва, животното понекогаш им се приближува на капачите одзади, поради што дел од посетителите на плажата веќе не се чувствуваат безбедно додека се во вода.

Нападот го видела и жена која во моментот на инцидентот со својот сопруг се наоѓала на само неколку метри од повредениот.

„Јас и мојот сопруг бевме само пет метри од него. Конечно се опуштивме сите бидејќи мислевме дека ја нема, но еве ја повторно“, рекла таа.

Капачите нагласуваат дека се свесни оти морската желка карета е строго заштитен вид и дека никој не сака животното да биде повредено или отстрането на начин што би го загрозил неговиот живот.

Сепак, бараат надлежните институции да реагираат и да најдат решение со кое истовремено ќе бидат заштитени и желката и луѓето кои секојдневно ја посетуваат плажата.

Според проценките што ги пренесуваат граѓаните, станува збор за голема желка која може да тежи и до околу 70 килограми. Најголемата загриженост ја предизвикува фактот што таа постојано се враќа во плитките води, односно токму во делот каде што престојуваат најголем број капачи.

По серијата пријавени инциденти, посетителите на плажата бараат поголемо внимание и реакција од надлежните, стравувајќи дека би можело да дојде до ново каснување.

Можете да прочитате

Нови откритија во древна Троја во годината кога „Одисеја“ повторно го оживува светот на Хомер

Прелиминарна истрага за ветерните електрани низ цела Грција, по големиот пожар во Виотија што започна од ветерница

Осум обезглавени тела пронајдени во јама покрај нелегален рудник во Еквадор