Утрински Весник
Македонија

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Ednakvost.png

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска со почеток од 13 часот во Јавна Соба во Скопје организира панел-дискусија на тема „Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња“.

Како што информираат од мрежата, на настанот ќе се зборува за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата.

Ана Бојчевска Митревска од Реактор ќе зборува за родовиот јаз во платите. Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет ќе се осврне на работничките права на жените.

Неда Чаловска Димовска ќе дискутира за пристапот до права и услуги на жените земјоделки.

Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе зборува за родово базираното насилство и родовата еднаквост.

Климентина Илиевска од Паблик ќе презентира за социјалното менторство и економското јакнење на жените жртви. 

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство