Утрински Весник
Македонија

Панел-дискусија на АХВ за управување со популацијата на бездомни кучиња

Kucinja.webp.webp

Ветеринарната комора на РСМ денеска со почеток во 9:30 часот во Клуб на пратеници ќе одржи панел-дискусија на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на бездомни кучиња“.

На настанот обраќање ќе има директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) д-р Оливер Миланов.

Во продолжение, претставници од институциите, локалните самоуправи, невладините организации за заштита на животните, Ветеринарната комора на РСМ, од науката – Факултет за ветеринарсна медицина – Скопје, Универзитет за ветеринарна медицина Виена, Австрија, како и претставници од невладина организација за заштита на животните од Австрија, ќе ги презентираат начините на управување со популацијата на бездомни кучиња, а споделени ќе бидат и искуства за справување со бездомните животни во европските земји, од аспект на одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните.

Настанот се организира на иницијатива на Ветеринарната комора на РСМ со финансиска и организациона поддршка на Амбасадата на Република Австрија и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана