Утрински Весник
Македонија

Пандов: 11 осуденици недостасуваа од Затворот „Шутка“

Whatsapp Image 2024 07 22 At 12.40.21.jpeg

По моето назначување на функцијата, од повеќе страни дојдоа до мене информации дека во затворот „Скопје“ секојдневно отсуствуваат поголем број на затвореници. Оттука по закон ние како Управа имаме должност да правиме вонреден надзор на сите затвори низ Македонија. Тоа се случи на 19-ти јули од моја страна, со уште две службени лица, информира директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов на прес-конференција.

Истакна дека ова е прв ваков вонреден надзор во ноќните часови после седум години. Во овој надзор, додава тој, целта беше да се провери бројната состојба и дали фалат затвореници.

-По список во „Скопје“ требаше да бидат 180 затвореници, при што заклучивме дека 11 осуденици не беа присутни во своите ќелии. Во очи паѓа дека списокот кој што ни беше понуден од страна на затворскиот полицаец и фактичката состојба не коренсподираа. Во отворениот дел имаат возен парк и во него, по списокот требаше да бидат само три лица, а се распоредени 10, од кои што четворица отсуствуваа. Во делот перална, по список треба да има 4 осудени лица, а формално правно треба да бидат 9 – седум беа отсутни, едно лице пронајдовме, а едно било на домашно отсуство. На прашањата зошто е така, ни кажаа дека затворската полиција нема увид и дека добиваат усни наредби, кажа Пандов пред новинарите.

Директорот на Управата посочи дека директорот на затворот „Шутка“, Филип Андов-Сокол е лицето кое што ги давало усните наредби кој осуденик каде треба да биде во установата.

Денес службени лица од Управата за извршување санкции повторно заминале во скопскиот затвор и по прашањата од затворските полицајци и командирите кој ги давал наредбите, кревале рамења дека не биле запознаени и дека директорот на затворот одредувал кој затвореник да биде во кои делови.

-И покрај вонредниот надзор, четворица лица од овие 11 што не ги најдовме во затворот, утрово во пет часот не се наоѓаат таму и се во бегство. Во меѓувреме додека го правевме надзорот, десет од тие лица по еден час, два, три часа се враќаа и слободно се движеа околу нас и разговараа со полицајците, рече Пандов пред присутните новинари, додавајќи дека во затворот било како „хотел промаја“ и „на се личеше таму…“.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег