Утрински Весник
Свет

Пандемијата на коронавирусот ја чинеше Данска повеќе од 16 милијарди евра

Пандемијата на коронавирусот ја чинеше Данска повеќе од 16 милијарди евра

Од почетокот на пандемијата до првиот квартал од оваа година Данска потрошила околу 16,1 милијарди буџетски евра (120 милијарди круни) за борба против коронавирусот, се вели во извештајот објавен од Данската државна агенција за статистика.

dobivaj vesti na viber

Потрошените пари за здравствените установи, кои ги покриваа трошоците за вакцинација, тестирање и лекување, сочинуваат 28 отсто од таа сума. Од друга страна, пакетите за економска поддршка учествуваат со 68 отсто од тие расходи.

Според извештајот, во споредба со другите земји, Данска со своите шест милиони жители во голема мера се потпираше на тестирање во раните фази на пандемијата. Тие тестови чинат околу 2,3 милијарди евра (17,8 милијарди круни) или повеќе од половина од парите потрошени за здравството. Програмата за вакцинација чинеше околу 873 милиони евра (6,4 милијарди круни).

Можете да прочитате

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Најмалку 55 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост