Утрински Весник
Свет

Палестинската управа формира нова влада

Mahmud Abas Palestina Palestinski Lider.jpeg

Претседателот на Палестинска управа, Махмуд Абас денеска со декрет најави формирање на нова влада. Претседателскиот декрет уследи по меѓународниот притисок за спроведување на реформи.

Абас претходно го именува долгогодишниот советник Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа. Мустафа, кој е економист, не е член на ниту една партија и вети дека ќе формира технократска влада, ќе воспостави независен фонд за надзор на реконструкцијата во Појасот Газа.

Палестинската управа нема ингеренции во Појасот Газа откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата во 2007 година, победувајќи ги силите лојални на ривалот Фатах, но има ограничена контрола врз делови од Западниот Брег.

Мустафа ќе биде и министер за надворешни работи, додека министер за внатрешни работи ќе остане Зиад Хаб ал Рих од движењето Фатах на Абас.

Најмалку пет од 23-те нови министри се од Појасот Газа, но не се знае дали сè уште се во енклавата.

Можете да прочитате

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција