Утрински Весник
Свет

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

1 1.webp.webp
300x250 (7)

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска побара од полициските префектури во сите градови да распоредат полиција пред сите католички и протестантски цркви во петок и претстојниот викенд, за време на Велигден. Дарманен, во белешката упатена до префектурите, која ја видела агенцијата Франс прес, побара „физичко присуство на полицијата пред сите цркви и други храмови, особено за време на миса во петок и за време на викендот“.

Министерот бара и проверка на лицата кои ќе дојдат во црквите со цел „откривање на можни сомнителни лица“, како и следење на паркираните возила.

300x250 (7)

Тој изјави дека има „многу високо“ ниво на терористичка закана, „постојана меѓународна тензија“ особено поради војната во Појасот Газа и руската инвазија на Украина, поради што е потребно „одржување на крајна будност“ за Велигден.

Франција го подигна нивото на безбедност по неодамнешниот напад во Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, која изврши неколку напади во Франција во 2015 година.

По повод верските празници, Дарманен обично повикува на поголема вклученост на полицијата во верските објекти.

Ss1

Можете да прочитате

Шпанскиот премиер Педро Санчез утре ќе соопшти дали поднесува оставка

Ирак воведува затворски казни до 15 години за ЛГБТК+ лицата

Ирачка Тиктокерка убиена пред нејзината куќа во Багдад