Утрински Весник
Балкан

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади

Policija grcija.webp.webp

Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит, осомничен за врски со палестинската група Хамас и планирање терористички активности, вклучително и можни напади врз израелски цели, јавија грчки медиуми повикувајќи се на безбедносни извори.

Апсењето е извршено во заедничка операција на грчката разузнавачка служба EYP и Дирекцијата за борба против специјални насилни кривични дела (DAEEB), по информациите добиени од службите пред десет дена.


Осомничениот пристигнал во Грција од Појасот Газа пред една година и поднел барање за азил.

Можете да прочитате

Хрватска размислува за привремено суспендирање на системот EES

Земјотрес од 5 степени ја погоди источна Турција

Рубио и Ѓуриќ го отворија Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија