Утрински Весник
Свет

Палестинците го обновуваат барањето за полноправно членство во ОН

United Nations Office At Geneva.jpg

Палестинската управа повторно побара да стане полноправна членка на Обединетите нации, се вели во писмото од вчера упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јави ДПА.

-Денес, државата Палестина, и по инструкции на палестинското раководство, испрати писмо до генералниот секретар во кое бара повторно разгледување на нашата апликација за членство, се вели во вчерашната објава на „Х“ од Палестинската постојана набљудувачка мисија во ОН.

Објавата вклучува писмо, потпишано од палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур, во кое бара палестинската апликација за полноправно членство од 2011 година повторно да биде поднесена до Советот за безбедност во април.

Палестинската управа во септември 2011 година поднесе барање за полноправно членство во ОН, но не успеа да ги добие потребните девет гласови. САД се заканија дека ќе стават вето на апликацијата.

САД и другите западни сили предупредија дека признавањето на палестинската држава од ОН ќе ги поништи претходните договори кои ги поддржуваат преговорите меѓу Израел и Палестинците за формирање палестинска држава која ќе живее во мир покрај Израел.

Во 2012 година, Генералното собрание на ОН гласаше со 138 спрема 9, со 41 воздржан, за да и се даде на Палестина статус на „држава набљудувач“ и покрај противењето на САД, кои таму немаат право на вето. Од 193 земји-членки на ОН, 139 досега ја признаа Палестина како независна држава. Германија и САД не се меѓу нив.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk