Утрински Весник
Свет

Палестина ќе ги разгледа односите со САД по гласањето во ОН

Abas.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во саботата објави дека палестинските власти „ќе го преиспитаат својот однос“ со Вашингтон откако САД ставија вето на палестинското членство во Обединетите нации во четвртокот.

„Палестинското раководство ќе ги разгледа билатералните односи со САД за да гарантира зачувување на интересите на нашиот народ, нашите цели и права“, рече претседателот Абас во интервју за палестинската новинска агенција Вафу.

Палестинците, кои имаат статус на „држава-набљудувач“ во ОН од 2012 година, побараа од Советот за безбедност да прифати „палестинската држава“, која веќе е призната од повеќето земји, да го добие своето „легитимно“ место во таа институција.

Но, САД, кои направија се за да го одложат гласањето за тоа, не се двоумea да го искористат правото на вето, кое редовно го користат за заштита на сојузниците на Израел.

Американското вето „подгреа невиден гнев кај Палестинците и жителите на регионот, кој сега „турка“ кон уште поголема нестабилност, хаос и тероризам“, предупреди претседателот Абас.

Затоа, палестинските власти имаат намера да „развијат нова стратегија“ за да ги потврдат своите одлуки на „независен начин и ќе го следат палестинскиот проект, а не американската визија“, рече тој.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства