Утрински Весник
Македонија

Палчо побара изземање на тројца обвинители меѓу кои и Гаврил Бубевски

Palco Sudenje2 1170x780 1.jpg

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, денеска побара изземање на тројцата обвинители од судскиот процес, обвинувајќи ги за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања.

Во својата изјава пред судот, Палевски конкретно побара изземање на обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовски и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и обвинителот Гаврил Бубевски. Тој обвини дека обвинителите фалсификувале податоци и телефонски анализи со цел да се овозможи лажни сведочења на сведокот Ерол Османи.


Според Палевски, во судските документи се наоѓаат податоци од базните станици, кои, како што тврди, биле искористени за изработка на лажен доказ. Тој посочи дека на денот кога е убиен Панче Жежовски, 22.11.2023 година, податоците од базните станици биле празни, што, според него, е доказ за манипулација со доказите.

Дополнително, Палевски изјави дека исто така се манипулирало со неговите податоци и разговори од базните станици, кои биле искористени против него во текот на истрагата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Темата за населување на мигранти е измислена од СДС

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, темата е измислена од СДСМ за да ги скријат внатрешните проблеми

Лице од Кичево излетал од патот со возилото кое го управувал, бил под дејство на алкохол