Утрински Весник
Економија

Пад на извозот од 7,6% во првата половина од 2024

Fabrika.jpg

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 241 975.1 милиони денари и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната година, соопштуваат од Статистика.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2024година, изнесува 341 348.3 милиони денари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 99 373.2 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна

Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-

јуни 2024 година, изнесува 3 930.0 милиони евра и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544.0 милиони евра, што е за 0.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 1 614.0 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 4 248.2 милиони САД долари и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 993.6 милиони САД долари, што е за 0.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 1 745.4 милиони САД долари.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија