Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се состана со амбасадорката на САД: Разговарано за напредокот на Македонија и засилување на соработката

Mickoski Ageler.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.

-Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Можете да прочитате

ДПИ на терен проверува дали трговците се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, преговараме со мултинационална компанија, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме