Утрински Весник
Македонија

Пациент почина, две медицински лица повредени по нагло сопирање на медицинско возило, за да избегне судир во центарот на Скопје

Itna 1.webp.webp

На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври” и бул.„Кочо Рацин” во Скопје, медицинско возило „рено трафик” со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски” лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред 

„Системот е во колапс поради лоша имплементација“: Петковска за трката за ОЈО ГОКК и блокадата во Судскиот совет

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО – отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби”, по член 353 од КЗ!