Утрински Весник
Скопје

,,Пајакот” на ПОЦ подигнал 97 непрописно паркирани возила минатата недела

4 2.jpg

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 97 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини

Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар – вака Ѓорѓиевски го води Скопје