Утрински Весник
Скопје

ЈП Водовод: Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е чиста и безбедна за пиење

Vodovod.webp.webp

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека по вонредниот мониторинг спроведен на 26 ноември 2025 година, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.

Контролата била извршена по добиена пријава од училиштето, по што екипите од Секторот за санитарна контрола земале четири примероци од две локации – училница и кујна. Двата примероци биле подложени на физичко-хемиска анализа, а останатите два на микробиолошка анализа.

Според добиените резултати, сите примероци во целост одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник бр.183/18).

Од јавното претпријатие информираат дека со ова се потврдува дека водата во училиштето е санитарно исправна и може непречено да се користи.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост