Утрински Весник
Скопје

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

Image 2026 07 08 154807715.png

Започнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот.

Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици.


Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни  колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом.

Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент – некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици.

Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство.

Ги повикуваме граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом.

За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку нашите официјални канали за комуникација.

Можете да прочитате

Нови дигитални услуги за паркирање во Центар, апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Авионско прскање против ларви од комарци во петок во Скопје

Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино