Утрински Весник
Магазин

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Images 7.jpg

Кога станува збор за здрава исхрана, важно е да се грижиме за храната која може значително да влијае на нашето здравје. Иако има некои кои позитивно влијаат на здравјето, има и такви кои потенцијално можат да доведат до воспалителна болест на цревата и несакани сало на стомакот. Диететичарот и личен тренер Џеси Федер издвои три такви намирници.

Кокосово масло

Кокосовото масло се здоби со популарност во последниве години поради неговите потенцијални здравствени придобивки, но неговата поврзаност со салото на стомакот и воспалителните болести на цревата е предмет на дебата меѓу експертите.

„Кокосовото масло содржи високо ниво на заситени масти и калории. Високиот дел од заситените масти може да придонесе за воспаление на цревата и да го зголеми нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол“, изјави диететичарот за SheFinds. Тој, исто така, додава дека високата содржина на калории може да додаде „стотици дополнителни калории и да доведе до маснотии на стомакот.

Гранола

Гранолата, која често се рекламира како здрава опција, понекогаш може да скрие изненадувачка количина на додадени шеќери и нездрави масти. Иако е вистина дека гранолата може да биде добар извор на влакна и одредени хранливи материи, многу комерцијални сорти се високо преработени и полни со шеќер и масло.

„Гранолата обично е богата со додадени шеќери и калории. Високата содржина на шеќер може да придонесе за воспалителна болест на цревата и несакани стомачни масти. Гранолата е исто така многу богата со калории, што може да придонесе за зголемување на телесната тежина“, вели Федер.

Кокосово млеко

Иако кокосовото млеко е богато со триглицериди со среден ланец (MCT), за кои некои студии сугерираат дека може да помогне во губење на тежината и здравјето на цревата, исто така е богато со заситени масти, кои може да придонесат за воспаление и зголемување на телесната тежина ако се консумира прекумерно. Дополнително, многу комерцијални производи од кокосово млеко содржат додадени шеќери, што дополнително ја влошува оваа загриженост.

“Кокосовото млеко е богато со проинфламаторни заситени масти. Високата содржина на заситени масти може да придонесе за воспаление на цревата и да го зголеми нивото на ЛДЛ, или лошиот холестерол. Ова воспаление на цревата може да го наруши нашето ниво на енергија и варење. Со текот на времето , ова може да доведе до зголемување на салото на стомакот“, заклучува Федер.

Можете да прочитате

Како бесплатно да добиете дневна доза на витамин Д

Поранешната сопруга на Бил Гејтс донира милијарда долари за правата на жените и семејството ширум светот

Премногу сол во храната – ризик од рак на желудникот