Утрински Весник
Магазин

Оваа ужина треба да ја јадете повеќепати на ден за да го намалите ризикот од рак

Bademi 1.jpg
Ss2

Ужината е одличен начин да го нахраниме телото помеѓу поголемите оброци во текот на денот. Всушност, грицкањето може дури да помогне и во намалувањето на ризикот од рак.
Американскиот институт за истражување на рак и Советскиот фонд за истражување на рак
 
проценуваат дека помеѓу 30 и 40 отсто од сите видови карциноми можат да се спречат со правилна исхрана и вежбање. Значи, многу нешта зависат од она по што посегнуваме кога ќе огладнеме.

Во тој контекст, онкологот д-р Лори А. Алфонсе ја открила својата омилена ужина со која ја задоволува желбата за грицкање, а дури може да го намали и ризикот од рак.

Img 5587

Кога д-р Алфонсе ќе посака попладневна ужина, посегнува по мешани јаткасти плодови. Омилени ѝ се бадемите, индиските ореви и ф’стаците.

– Овие грицки се одличен извор на протеини и го зголемуваат нивото на енергија во текот на попладневниот замор – изjaвила таа за „Параде“.

Според студијата од 2023 година, јадењето само 28 грама јаткасти плодови дневно (околу една дланка), е поврзано со намалувањето на смртноста од рак за 21 отсто.

Тоа е затоа што јаткастите плодови се одличен извор на биоактивни споеви кои помагаат во намалување на воспаленијата и спречуваат настанување или размножување на клетките на ракот.

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, растителни влакна, витамин Е и фолна киселина, сите хранливи материи кои имаат клучна улога го превенцијата на ракот.

Кога купуваме јаткасти плодови, д-р Алфонсе советува да ги избираме оние без дополнителни шеќери и соли. Ако сакаме да додадеме малку вкус во нив, може да ги посипеме со различни зачини, како што се рузмарин, мајчина душица или куркума.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото