Утрински Весник
Економија

Оваа недела ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Klub Na Istrazhuvachite 50 .jpg
Ss2

На 28 март 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната” од авторите Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Ss1

Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 27 март 2023 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи. 

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Ss1

Можете да прочитате

Просечната нето плата исплатена во февруари изнесува 39.276 денари

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка